Горивата поевтинуваат за два денара

Bez autora
Nov 04 2013

Горивата поевтинуваат за два денара од ноќеска на полноќ одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Според тоа, новата цена Еуросупер БС- 95 ќе биде 76,50 денари за литар, додека на Еуросупер БС-98 ќе изнесува 78 денари за литар. И цената на дизелот ќе се намали за два денара, па неговата нова цена ќе биде 68,50 денари. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 1,50 денари за литар и ќе чини 57,50 денари за литар. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 1,078 ден/кг и со тоа цената на М-1 НС изнесува 39,457 денари за килограм.

Горивата поевтинуваат за два денараГоривата поевтинуваат за два денара од ноќеска на полноќ одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Според тоа, новата цена Еуросупер БС- 95 ќе биде 76,50 денари за литар, додека на Еуросупер БС-98 ќе изнесува 78 денари за литар. И цената на дизелот ќе се намали за два денара, па неговата нова цена ќе биде 68,50 денари.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 1,50 денари за литар и ќе чини 57,50 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 1,078 ден/кг и со тоа цената на М-1 НС изнесува 39,457 денари за килограм.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот 14-то дневен период изнесуваше 44,7600 денари за долар и е за 1,09 отсто понизок од курсот на доларот (45,2521 ден/$) по кој беа формирани цените.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот четиринаесетодневен период бележат намалување кај бензинот во просек за околу 2,73 отсто или за 26 долари за тон, кај дизелот намалување во просек за околу 1,56 отсто или 14,47 долари за тон и кај мазутот намалување во просек за околу 1,12 отсто или за околу 6,65 долари за тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik